Најмалку 30 луѓе загинаа при напад во Мали

Од:

Најмалку 30 лица загинаа при напад, најверојатно извршен од џихадистите, врз транспортно возило во централниот дел на Мали, соопштија денеска локалните власти.

– Терористите во петокот убија најмалку 30 цивили во транспортно возило во близина на Бандијагара во центарот на Мали. Патниците беа застрелани, а возилото било запалено“, соопштија локалните власти, додавајќи дека меѓу жртвите има деца и жени.

Засега никој не презеде одговорноста за нападот.

Од 2012 година, Мали е цел на напади на џихадистички групи поврзани со Ал Каеда. Мировната мисија на ОН е во земјата од 2013 година.

Би можело да ве интересира

Француски војник загина во Мали

Ана Ололовска

Макрон и Путин разговараа за односите НАТО-Русија и за Мали

А1он

САД алармираат на можното распоредување на Вагнер во Мали

А1он

Мисијата на ОН ги повика властите во Мали да закажат избори во февруари

Ана Ололовска

Во автобуска несреќа на југот од Мали погина 41 лице

Катерина Павлова-Николовска

Германија се сомнева дека Ал Каеда стои зад самоубиствениот бомбашки напад во Мали

Ана Ололовска