Најмалку 25 загинати во неколкуте поплави во централна Кина

Од:

Најобилните дождови во последните неколку децении предизвикаа огромни поплавувања во централната кинеска метропола Женгжу, јави ДПА.

Локалните власти денеска информираа за 25 смртни случаи, но се стравува дека бројката на пронајдени безживотни тела ќе биде многу поголема.

-Спасувањето животи е врвен приоритет, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг.

Поплавените води го зафатиле подземниот транспортен систем, каде стотици луѓе беа заробени во возови, а исто така и во тунели, јавија државните медиуми и очевидци на социјалните мрежи.

На видеата, додава ДПА, се гледа како водата е стигната до рамениците на луѓето.

За време на евакуацијата околу 600 сериозно болни пациенти морале да бидат однесени на безбедно од универзитетската болница во Женгжу, а струјата во болницата била исклучена.

„ Ваков вид на врнежи од дожд вообичаено се случуваат еднаш на 100 години. Ситуацијата е мрачна“, се наведува во соопштението од централата за контрола на поплавите во Женгжу, главниот град на провинцијата Хенан, пренесено од весникот „Чајна дејли“.

Многу улици во Женгжу се поплавени. Автомобилите и автобусите се заглавени. Снабдувањето со вода и електрична енергија на повеќе места во градот е во прекин. Сообраќајот е практично парализиран. Подземната мрежа е во застој, а брзите возови се откажани. Аеродромот во Женгжу ги откажа сите дојдовни летови до денеска до 12 часот (04:00 часот по Гринич), јави радиодифузерот ЦГТН.

Во соседниот град Гонѓи, властите пријавија четири жртви, пренесува ДПА.

Дождовите во Хенан беа активирани од тајфунот Ин-Фа, што исто така предизвика сериозни временски неприлики во провинциите Жеџијанг и Фуџијан.

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски