Најмалку 22 лица убиени во Камерун, меѓу жртвите најмногу се деца

Од:

Најмалку 22 лица, меѓу кои и 14 деца, загинаа во напад во село во северозападен Камерун, соопштија Обединетите нации.

dobivaj vesti na viber

Неколку жртви биле запалени живи, јави Би-Би-Си повикувајќи се на локалните медиуми.

За сега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но опозицијата во Камерун ја обвинува армијата.

Владата во Камерун, која три години се бори против сепаратистите во регионот, негираше дека е поврзана со нападот.

Официјален претставник на ОН за Би-Би-Си изјави дека меѓу жртвите има и бремена жена, како и 14 деца, од кои деветмина имале помалку од пет години.

– Луѓето со кои разговаравме се екстремно трауматизирани и не очекуваа ова да се случи. Се стравува дека ќе има уште насилства како ова, рече претставник на ОН.

Опозицијата во соопштение за нападот го обвини „диктаторскиот режим и безбедносните сили на Камерун“. Агбор Мбала, водач на сепаратистичкото движење, исто така посочи дека државните сили се одговорни за нападот, а воен функционер ги негираше обвинувањата, тврдејќи дека се лажни, јави Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Во Камерун за една недела од колера починале 29 лица

На аеродромот во Тирана запленети над милион фалсификувани евра, уапсен Камерунец

А1он

За два месеца во Камерун од колера починале 32 лица

А1он

(ВИДЕО) Трагедија на Африканскиот куп на нации: Седум загинати во стампедо пред натпреварот, меѓу повредените деца

Ана Ололовска

Најмалку 17 загинати во пожар во ноќен клуб во Камерун

Ана Ололовска

Африканци се обиделе да влезат во Македонија со туѓи пасоши, полицијата кај нив пронашла шишиња со непозната течност

А1он