Најмалку 19 Палестинци загинаа во израелските напади низ Појасот Газа

Од:

Најмалку 19 Палестинци се убиени во израелските напади низ Појасот Газа во текот на изминатата ноќ и утрото, според палестинските здравствени работници.

Најмалку десет лица загинаа во израелски воздушен напад во Беит Ханун во северниот дел на Газа, а десетици други беа повредени кога беше погодена висока зграда, соопштија здравствените работници, пренесе Ројтерс.

Во друг воздушен напад, врз куќа во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, загинаа најмалку седум лица, а голем број луѓе беа ранети, соопштија здравствените работници и палестинската државна служба за вонредни ситуации.

Би можело да ве интересира

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски

Потребно е само „зелено светло“ од кабинетот на Нетанјаху за прекин на огнот во Газа

Израел ќе ослободи 1.000 затвореници

Жителите на Газа слават на улиците по договорот за прекин на огнот со Израел

Гутереш вети поголема помош на ОН за Газа

Тројца загинати во израелски воздушен напад врз Џенин