ВИДЕО: Најмалку 185 загинати и над 400 ранети во серија експлозии на Шри Ланка

Од:

Најмалку 185 лица загинаа, а над 400 други се ранети денеска, на католички Велигден, при експлозии во три цркви и три хотели на Шри Ланка, јави ДПА.

Како што соопштија властите во Коломбо, меѓу загинатите има и 12 странски државјани.

Според полициски извори, речиси исто времено експлозии одекнале за време на велигденската миса во католичката црква „Свети Ентони“ и во три хотели со пет ѕвезди во главниот град на Шри Ланка, Коломбо.

Покрај овие, експлозии имало и во католичката црква „Свети Себастијан“ во местото Негомбо, на 30 километри од Коломбо, како и во христијански храм во Батикалоа, на 250 километри источно од главниот град на земјата.

Експлозиите во хотелите „Синамон Гранд“, „Кингбари“ и „Шанги-Ла„ во центарот на Коломбо ги потврдија и две туристички агенции чии гости престојувале во овие објекти.

Анонимни безбедносни извори информираа дека најмалку две од експлозиите биле предизвикани од бомбаши самоубијци.

Според болнички извори, при нападот во Негомбо загинале најмалку 105 лица, во Коломбо 46, а во Батикалоа 24.

Засега никој не презеде одговорност за експлозиите.

Властите засега одбиваат експлозиите да ги наречат терористички напад.

Поради експлозиите премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинге свика итна седница на неговата Влада, а шефот на државата Маитрипала Сирисена соопшти дека армијата и полицијата започнале истрага за откривање на одговорните за инцидентот.

– Се обидуваме да утврдиме дали има заговор зад овие напади, изјави Сирисена, повикувајќи ги жителите на Шри Ланка да останат смирени.

Првиот човек на Католичката црква во Шри Ланка, кардиналот Малколм Ранџит изјави дека засега е нејасно дали за експлозиите е одговорна некоја локална или меѓународна група.

Мнозинството од жителите на Шри Ланка се будисти, но околу седум проценти од населението на островот се католици.

Ова е прв сериозен бомбашки напад во Шри Ланка од завршувањето на 25-годишниот конфликт меѓу властите во Коломбо и сепаратистичката група Ослободителни тигри на тамилскиот Елам (ЛТТЕ) во 2009 година.

Би можело да ве интересира

Милион и половина евра од ЕУ за хуманитарни цели во Шри Ланка

Ана Ололовска

Побегнатиот поранешен претседател на Шри Ланка, Раџапакса се врати во татковината

Ана Ололовска

Владата на Шри Ланка бара ограничување на ингеренциите на претседателот

А1он

Протест против владината репресија на Шри Ланка

Парламентот на Шри Ланка изгласа продолжување на вонредната состојба

Динеш Гунавардена денеска положи заклетва како премиер на Шри Ланка

Ана Ололовска