За време на протестите кај меѓународниот аеродром во Барселона и во другите места во Каталонија повредени се најмалку 170 луѓе, меѓу кои 40 полицајци, а три лица се уапсени.
Поради протестите од меѓународниот аеродром „Ел Прат“ во Барселона вчера беа откажани 110 летови.
Аеродромот претрпе и мала материјална штета поради судирите меѓу демонстрантите и полицијата.
Демонстрантите излегоа на улица по повикот на социјалните мрежи од групата „Демократски цунами“.Протестите ескалираа вчера откако Врховниот суд на Шпанија осуди деветмина каталонски сепаратисти на 9 до 13 години затвор поради нивната улога во неуспешното прогласување на независноста на Каталонија во 2017 година.
Тројца други обвинети се прогласени за виновни само за непослушност и не добија затворски казни.
Поранешниот претседател на каталонската Влада, Ориол Хонкурес е осуден на 13 години затвор заради бунт и злоупотреба на јавните фондови.