Најмалку 16 загинати во тепачка во затвор во Мексико

Од:

Најмалку 16 затвореници се убиени, а петмина се повредени во тепачка во затвор во Мексико, до која дошло поради фудбалски натпревар.

Тепачката се случила во затвор во мексиканската држава Закатекас.

Министерството за јавна безбедност не ја коментираше причината за тепачката, но соопшти дека состојбата во затворот сега е под контрола и оти ќе бидат објавени имињата на убиените.

По тепачката извршен е претрес во затворот при што се пронајдени три пиштоли, како и разни видови ножеви.

Владата покрена истрага за да се утврди кој е одговорен за тепачката, како и како оружјето било внесено во затворот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД