Најмалку 150 луѓе затруени од отровни испарувања во Оберхаузен

Од:

Најмалку 150 граѓани имале тешкотии при дишењето по истекувањето на сулфурна киселина од танкер на хемиска постројка во градот Оберхаузен во западна Германија, јавуваат локалните медиуми.

Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин по откривање на хаваријата локалните власти ги евакуирале граѓаните, кои што живеат во близина на постројката, а на останатите им се советува да не ги напуштаат своите домови.

Според противпожарната служба во Оберхаузен досега околу 150 луѓе се третирани од службите за итна помош поради респираторни проблеми но само двајца биле пренесени во болница.

Истекувањето на опасната хемикалија се случило во објект на фирмата „Хам Хемие“ каде во специјален танкер се чувале 600 кубни метри 96 отсто сулфурна киселина, а кој според противпожарната служба сега е целосно празен.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани