Најмалку 15 ранети при експлозија во ресторан во Канада

Од:

Најмалку 15 лица се повредени рано изутринава при експлозија на рачно изработена бомба во индиски ресторан во градот Мисисога во канадската провинција Онтарио.

Локалната полицијата соопшти дека трага по двајца мажи, кои се осомничени за активирање на експлозивната направа.

Според полицијата, тие внеле „некаков предмет“ во ресторанот и по неговото активирање успеале да побегнат.

Властите ги повикаа граѓаните да помогнат во потрагата па осомничените напаѓачи, објавувајќи нивен опис и снимки од бебзедносните камери.

Како што јави ДПА, експлозијата се случила во 22:30 часот по локално време (4:30 часот по средноевропско време) во индискиот ресторан „Бомбај Бел“ во трговски центар во Мисисога, град што се наоѓа на брегот на езерото Онтарио на 32 километри западно од Торонто.

Според полицијата, тројца од повредените при експлозијата се наоѓаат во критична состојба.

По експлозијата полицијата го блокираше просторот околу ресторанот, а во реонот е видливо и засилено полициско присуство.

Ова е втор инциден во угостителски објект во Канада во поледниве 30-тина дена, отакако кон крајот на април возило влета во преполн ресторан во Торонто, при што загинаа 10 лица, а 15 беа повредени.

Би можело да ве интересира

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пукање во Канада: Тројца мртви, двајца во критична состојба