Најмалку 15 мртви и 21 повреден во бунт во затвор во Еквадор

Од:

Најмалку 15 затвореници загинаа, а 21 се повредени во бунт во еден од најголемите затвори во Еквадор, каде веќе се убиени неколку луѓе во постојаното насилство меѓу ривалските банди, соопштија властите.

„Според прелиминарните информации, 21 лице е повредено, а 15 загинале во судирот меѓу затвореници“, се наведува во соопштението на еквадорската затворска управа (СНАИ).

Управата соопшти дека тактичките единици продолжуваат со операциите за враќање на контролата над затворот, а однадвор ги поддржуваат вооружените сили.

Затворот се наоѓа на периферијата на јужниот град Латакунг и со околу 4.300 затвореници, тој е еден од најголемите во земјата. Од февруари 2021 година, во тој затвор имало седум масакри меѓу затворениците, во кои имаше повеќе од 400 мртви.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лизгање на земјиштето во Еквадор: 23 загинати и 38 повредени, се трага по уште 67 исчезнати лица

Ана Ололовска

Писмо-бомба експлодира во рака на новинар: Сомнителни пратки пристигнале до повеќе луѓе

Горан Наумовски

ВИДЕО: 12 жртви и стотици повредени во земјотресот во Еквадор

ВИДЕО: Најмалку 12 мртви во земјотресот во Еквадор, урнати згради, уништени автомобили

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Снимка од студио, панична реакција на водителите на земјотресот во Еквадор

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Јужна Америка: Луѓето бегаат во паника

Катерина Павлова-Николовска