Најмалку 14 лица загинаа, а 11 се потешко повредени кога попушти вентилациска решетка на која стоела дел од публиката на поп-концерт на отворено јужно од Сеул, јави денеска јужнокорејската телвизија YTV TV.
Според медиумот, 25 луѓе паднале 20 метри во подземниот паркинг простор кога решетката попуштила.
Најмалку десет луѓе доживеале срцев напад. Несреќата се случила синоќа во Сеонгнам во провинцијата Гјонгидо.