Најмалку 14 повредени во пожар во фабрика за батерии во Њу Делхи

Од:

Тринаесет пожарникари и еден припадник на обезбедувањето денеска се повредени откако се запали и се урна фабрика за производство на батерии во Њу Делхи, соопшти индиската полиција.

Три лица се спасени од под урнатините на фабриката. Но, спасувачката операција продолжува, бидејќи се претпоставува дека има уште луѓе под урнатините.

За време на пожарот во зградата немало работници.

Пожарот е изгаснат.

Лошите безбедносни стандарди се честа причина за пожарите во Индија.

Во пожар што избувна минатиот месец во една зграда во Њу Делхи, најверојатно од краток спој, загинаа најмалку 43 луѓе.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка