Најмалку 14 мртви во напад на затвор во Мексико

Од:

Најмалку 14 лица, од кои десет чувари, се убиени во напад на затвор во Сиудад Хуарез на границата со САД, соопштија во неделата локалните власти. Најмалку 24 затвореници избегале, а четири лица се повредени, соопшти државното обвинителство на мексиканската држава Чивава.

Вооружените напаѓачи пристигнале со оклопни возила и почнале да пукаат кон чуварите. Во исто време, семејствата на затворениците чекаа да бидат пуштени во затворот на посета по повод Новата година. Нападот се случил со цел да се овозможи бегство на група затвореници, според првичните информации.

Полицијата со помош на војската уапсила четири лица. Не се знае дали станува збор за напаѓачи или за избегани затвореници. Во затворот во овој град во северно Мексико се сместени членовите на картелите Синалоа и Хуарез, кои повеќе од 15 години се борат за контрола на градот.

Би можело да ве интересира

Момче со прекар Ел Чапито уби осум членови на едно семејство во Мексико

Ана Ололовска

ВИДЕО: Почна да ја фаќа пејачката, по што изби општа тепачка на сцената

Предраг Петровиќ

Три Американки исчезнаа во Мексико, отишле таму да продаваат облека на пазар

Ана Ололовска

Девојче кое исчезна во САД во 2018 година, сега е пронајдено во Мексико

Горан Наумовски

Претседателот на Мексико тврди дека има фотографија од митско суштество

Во Мексико уапсен лекар обвинет за ширење менингитис

Катерина Павлова-Николовска