Во сообраќајна несреќа во Словачка загинаа 12 лица

Од:

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка.

Во несреќата, што се случила околу 13 часот во близина на градот Нјитра, 100 километри источно од Братислава, повредени се најмалку 17 лица. Со хеликоптер тие веднаш се префрлени во болница.

Словачките медиуми известуваат дека во автобусот претежно биле средношколци. Министерката за здравство Андреа Калваска рече дека меѓу жртвите има и четири деца, но не прецизираше на која возраст.

– Во овој момент, нашите мисли се со родителите кои изгубија дете. Сите се надеваме дека бројот на жртви нема да се зголемува, изјави претседателката на Словачка Зузана Чапутова.

Словачкиот премиер Петер Пелегрини поради несреќата, која ја окарактеризира како „ужасна трагедија“ од Кипар ќе се врати во земјата порано од предвиденото.

Во време на несреќата врнел дожд и лизгавиот коловоз се истакнува како една од можните причини за судирот.

Ова е најтешка сообраќајна несреќа во Словачка во последните 10 години. Во 2009 година, во судир меѓу автобус и воз загинаа 12 лица.

Би можело да ве интересира

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Словачка: Готвач си ја искасапил девојката

Горан Наумовски