Најмалку 11 лица загинаа при експлозија во рудник во Колумбија

Од:

Најмалку 11 рудари загинаа при експлозија во рудник за јаглен во централниот колумбиски департмент Бојака, соопштија вчера локалните власти.

– Досега се пронајдени телата на 11 работници. За жал, тие веќе се идентификувани и знаеме дека ги загубија животите, изјави градоначалникот на Топага, Хенри Барера, додавајќи дека уште еден рудар треба да биде лоциран.

Беа објавени различни извештаи за бројот на рудари погодени од вчерашната експлозија во рудникот во Топага, околу 220 километри североисточно од Богота, јави ДПА.

Колумбиското Министерство за рударство претходно соопшти дека 13 работници се наоѓале внатре во рудникот. Во тој момент, Министерството ја потврди смртта на осум работници, четири лица се уште се водеа како исчезнати, а едно лице е повредено.

Некои локални медиуми објавија дека во рудникот се наоѓале 14 лица, додека Колумбиската цивилна одбрана соопшти дека 12 рудари се заробени, а еден е извлечен неповреден.

Според радиодифузерот Каракол, рударите се наоѓале на длабочина од 500 метри кога се случила експлозијата, која била предизвикана од преголема концентрација на гасот метан.

– Многу сум тажен од она што се случи во Топага, тоа е најшокантната рударска трагедија што се случила во Бојака. Сакам да испратам порака до семејствата на рударите кои за жал го загубија животот и на повредените, да останат силни, напиша гувернерот Рамиро Бараган на Твитер.

Сериозни несреќи се честа појава во колумбиските рудници, кои многупати имаат лоши безбедносни стандарди. Особено нелегалното рударство е проблем во неколку земји од Латинска Америка.

Би можело да ве интересира

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Претседател на колумбиски второлигаш e убиен по поразот на неговиот клуб

Горан Наумовски