Најмалку 10 мртви во пожар во фабрика во Бангладеш

Од:

Најмалку 10 лица загинаа денеска во пожар во фабрика во близина на Дака, втора ваква несреќа во Бангладеш за помалку од една недела.

Пожар избувна во фабрика за вентилатори во областа Газипур во Дака. Десет тела беа извлечени откако пожарникарите го ставија огнот под контрола, изјави началникот Мамунур Рашид.

Тој дополни дека неколку лица се повредени.

Не е познато колку работници биле во фабриката за време на пожарот, ниту причината за избувнувањето.

Во средата загинаа најмалку 15 лица во пожар во фабрика за пластика, во близина на Дака.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници

ВИДЕО: Автобус излета од пат во Бангладеш, 19 мртви

ВИДЕО: Девет мртви во налет на циклонот Ситранг на брегот на Бангладеш

Ана Ололовска

Бангладеш планира масовна евакуација пред удар на циклон

Ана Ололовска