Најмалку 10 лица исчезнаа и 400.000 се евакуирани од поројните дождови во Јапонија

Од:

Најмалку десет лица, меѓу кои и едно дете, се водат како исчезнати, а 400.000 се принудени да ги напуштат своите домови од поројните дождови што го зафатија југозападниот дел на Јапонија.

Локалните медиуми јавија дека, поради дводневните дождови многу реки се излеале од своите корита.

Најтешко погодени се префектурите Фукуока и Оита.

Речиси 7.500 спасувачи работат на терен.

Поројните дождови во југозападниот дел на Јапонија се предизвикани од зоните на низок воздушен притисок во Тихиот Океан.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови