Најлоши поплави во последните 50 години, бројот на жртви достигна 168

Од:

Бројот на жртвите од катастрофалните поплави во западна Германија и во Белгија порасна на 168.

Во најлошата природна катастрофа во последните 50 години, во Германија настрада 141 лице, од нив 98 во округот Арвилер кој се наоѓа јужно од Келн.

Стотина луѓе се водат за исчезнати. За некои од жителите на регионот се смета дека се недостапни затоа што до нивните живеалиште не може да се дојде поради висината на водата, а и телекомуникациските врски се во прекин.

По попуштањето на браната во градот Васенберг кај Келн, евакуирани се 700 жители.

Градоначалникот на ова место вели дека нивото на водата се стабилизира, но оти е многу рано за да се каже дека се е поминато.

На браната Штајнбахтал во западна Германија и натаму постои опасност од пукање, власите соопштија дека се евакуирани околу 4.500 луѓе од куќите низводно по браната.

Претседателот на Германија, Штајнмаер рече дека за проценки на штетите ќе бидат потребни повеќе седмици, а санацијата се очекува да чини неколку милијарди евра од фондовите за обнова.

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим