Најлоша епидемија на денга треска во историјата на Бангладеш

Од:

Бангладеш се соочува со најлошото избивање на денга треската во својата историја, имајќи предвид дека вирусната инфекција, која ја пренесуваат комарци, се проширила на 61 од 64 окрузи.

Болниците се полни со пациенти, што сериозно ги оптоварува и онака лошите служби за итна помош во таа земја.

Властите потврдија 15.369 случаи на денга од 1 јануари. Од нив вирусот е дијагностициран кај 9.683 пациенти во периодот од 1 до 30 јули, а од вчера се околу 4.400 пациенти, вклучувајќи и многу деца, заразени на лекување во болниците.

Од Министерството за здравство тврдат дека оваа година епидемијата е најлоша, која од 2000 година се појавува со сезоната на монсуните.

Денгата се појавува во тропски области низ светот, а ја пренесуваат комарци кои главно живеат во урбани подрачја.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници

ВИДЕО: Автобус излета од пат во Бангладеш, 19 мртви

ВИДЕО: Девет мртви во налет на циклонот Ситранг на брегот на Бангладеш

Ана Ололовска

Бангладеш планира масовна евакуација пред удар на циклон

Ана Ололовска