Најголемиот германски производител на оружје: Преговараме за отворање фабрика за тенкови во Украина

Од:

Германскиот производител на оружје Рајнметал, кој, меѓу другото, произведува тенкови Леопард, сака да отвори фабрика за тенкови во Украина, изјави извршниот директор Армин Папергер за германски весник, а пренесува Си-Ен-Ен.

Папергер, како што цитира „Рајнише пост“, рече дека преговорите за изградба на таква фабрика се во тек и дека одлуката може да се донесе во рок од два месеци. Можна фабрика би чинела околу 200 милиони евра и би можела да произведува околу 400 тенкови годишно.

Извршниот директор додаде дека во фабриката може да се инсталираат системи за противвоздушна одбрана за заштита на објектот и дека во Украина може да се произведе нова верзија на целосно дигитализираниот борбен тенк Пантер. Рајнметал е најголемиот производител на оружје во Германија со околу 25.000 вработени.

Би можело да ве интересира

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“

Русија за американската помош: Ова дополнително ќе ја уништи Украина

Америка изгласа помош за Украина, ова би можело да со смени текот на војната

Катерина Ѓуровски

Америка блиску до историска одлука за Украина, ова може да го промени текот на војната

Катерина Ѓуровски

Руски воен репортер убиен во украинскиот напад со дронови