Наjголемата опасност за ЕУ по пандемијата ќе доаѓа одвнатре, смета Могерини

Од:

Поранешната шефица на европската дипломатија, Федерика Могерини, смета дека во периодот по пандемијата на Ковид-19 најголем предизвик за единството на Унијата ќе бидат внатрешните политички тензии, предизвикани од популистичките и антисистемските ставови на екстремната десница.

-ЕУ е родена врз основа на градењето соработка и прекинот на конфликтите. Национализмот може да не врати на идејата дека ние е подобро едни без други и дека другите наши членки се нашите ривали. Доколку ЕУ влезе во логиката на национализмот, последиците може да бидат поголеми од оние на пандемијата, рече Могерини.

Учествувајќи во економската дебата во Минхен, Могерини оцени дека граѓаните на Европа, но и на светот, за време на пандемијата за првпат ја разбраа меѓусебната поврзаност и условеност на нивната сопствена безбедност и безбедноста на другите.

-Панедемијата ја истакна потребата од обединување на силите. Меѓутоа, тоа што беше можност за глобална соработка се претвори во конкуренција на наративи и идеолошка пропаганда, рече Могерини на форумот.

Таа кажа дека и Европа и светот треба да извлечат поуки од оваа пандемија и да се подготват за идните предизвици што сигурно ќе дојдат.

-Светот мора да дефинира дали сака да работи на кооперативната мрежа или ќе го следи патот на конфронтација, рече Могерини.

Актуелната ректорка на Европскиот универзитет наведе и дека новата администрација во Вашингтон веќе направи чекори кон подобра соработка во светот, но, исто така, нагласи дека очекува САД во периодот што доаѓа повеќе да биде насочена кон внатрешните прашања.

-Ние, Европејците, ќе мора да научиме како да бидеме блиски пријатели и партнери со САД, но и да ја одржуваме стратешката автономија затоа што ќе има предизвици за кои ќе биде потребно наше независно дејствување, рече Могерини.

Кога станува збор за односите со Русија, поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ процени дека тие не се променија под влијание на пандемијата, туку се обликуваат од меѓусебните разлики во однос на надворешната политика кон Украина и Белорусија, како и односот кон човековите права и владеење на правото.

-Санкциите против Русија воведени заради Украина беа оправдани и го покажаа единството на ЕУ и покрај различните економски интереси. Санкциите имаа силно влијание врз ЕУ и руската економија. Сите треба да се стремиме кон стратешко партнерство со Русија, но за тоа мора да се создадат услови, заклучи Могерини.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески