Најгласните противници на хомосексуалците често и самите се хомосексуалци, вели науката

Од:

Во многумина од луѓето кои најгласно се противат на настојувањата на хомосексуалците за еднакви права во денешното општество, „чучат“ токму хомосексуалци, покажа студија пред девет години, која во научните кругови и денес се смета за референтна.

Токму најголемите хомофоби често имаат проблем да ја прифатат сопствената сексуалност, што им предизвикува силен внатрешен гнев и анксиозност, кои ги пресликуваат во омраза кон сите други луѓе кои сексуално ги привлекува истиот пол, заклучија научниците.

Истражувањето го спроведоа професори од универзитетите Рочестер и Есекс во Британија, кои заклучија дека „хомофобијата е поизразена кај луѓе со непризнаена истополова привлечност и кај луѓе кои растеле со авторитарни родители кои забранувале такви желби“.

„Поединците кои се идентификуваат како хетеросексуалци, но во психолошките тестови покажуваат силна привлечност кон истиот пол, се чувствуваат загрозени од хомосексуалците, затоа што тие ги потсетуваат на слични тенденции во себе. Во многу случаи тоа се луѓе кои војуваат со самите себеси и го отвораат тој внатрешен судир кон надвор“, вели Ричард Рајан, професор по психологија.

Тоа, секако, не значи дека сите хомофоби се геј, но дека несогласувањето со сопствените желби и пориви е валидно научно објаснување за однесувањето на дел од овие луѓе, објаснува Рајан.

Ако судиме според случаите од последниве години во светот на политиката, се чини дека праксата ги потврдува наодите на студијата, а бројни се примерите кои укажуваат на тоа дека науката и во овој случај не греши. Во декември лани, европратеник од Унгарија и висок функционер на партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан, позната по анти-геј политиките, мораше да поднесе оставка откако беше затекнат во стан во Брисел во кој, спротивно на прописите воведени поради пандемијата, била организирана „геј-оргија“.

Само неколку дена подоцна, уште еден анти-геј политичар и активист се најде во „небрано“, откако за време на онлајн состанок, камерата на неговиот компјутер забележа полугол маж како поминува во позадина.

Познат е и примерот на порториканскиот политичар Луис Аранго, кој беше еден од најжестоките противници на предлог-законот за истополови бракови во земјата, пред новинарите да откријат негови разголени слики на апликацијата за геј-сексуални контакти „Грајндр“.

Секако, ваквите примери не се поврзани само со светот на политиката, а уште побројни се случаите во кои се разоткриени хомофоби во верскиот свет. Можеби најпознатата ваква приказна е онаа за американскиот пастор Тед Хагард, кој беше еден од најгласните противници на хомосексуалците во САД. Откако сексуалниот работник Мајк Џонс во јавноста откри дека негов муштерија бил и свештеникот-фундаменталист, Хагард се бранеше дека го повикал момчето да му донесе дрога, но дека не ја употребил, туку ја фрлил, откако „успеал да го надвладее искушението“.

Би можело да ве интересира

Том Харди во младоста имал секс со мажи, а сега вели дека завршил со експериментирање

А1он

Предлог-измените на Законот за матична евиденција ќе овозможат правно признавање на родот на трансродовите лица

Ана Ололовска

Фон дер Лајен им „скрцка“ на унгарските власти: Рокот изминува утре

Жарко Настоски

Графа за трет пол ќе се додаде во американските пасоши

Жарко Настоски

Макрон не е да се брка Унгарија од ЕУ поради ЛГБТ-правата

Жарко Настоски

Руте: Кон Орбан беа упатени најжестоките критики што сум ги видел на самитите на ЕУ