Најџел Фараж основа нова партија „Брегзит“

Од:

Познатиот евроскептик Најџел Фараж, еден од главните лидери на кампањата за излез на Велика Британија од Европската унија, денеска основа нова партија „Брегзит“, обвинувајќи ги пратениците во британскиот Парламент дека ги предале граѓаните кои се изјасниле за напуштање на Унијата.

Фараж , чија поранешна партија УКИП (Партија за независност на Обединетото Кралство) многумина ја сметаат за одговорна што Велика Британија во 2016 година организираше референдум за членство во ЕУ, им порача на поддржувачите од Ковентри, во централна Англија, дека неговата партија собира импресивен тим за изборите за Европскиот парламент во мај.

Откако премиерката Тереза ​Меј обезбеди ново одложување на Брегзит, британските партии сега се подготвуваат за изборите за Европскиот парламент.

Фараж истакна дека неговата нова партија во првите десет дена од своето постоење собрала повеќе од 750.000 фунти и има тим од водечки бизнисмени, кои ќе ја претставуваат.

Фараж, објавувајќи го своето учество на изборите за Европскиот парламент, нагласи дека верува во победата на тие избори.

Тој додаде дека веќе е сосема јасно оти британските власти ќе сторат сé за да го одложат и на крајот целосно да го запрат Брегзит.

– Јас сум гневен, изјави познатиот евроскептик и додаде дека сега ќе се обиде да направи „демократска револуција во британската политика”.

Би можело да ве интересира

ЕУ лидерите го одобрија договорот за Брегзит

Ирскиот премиер го поздрави новиот договор за Брегзит

Јункер – Џонсон: Дојде моментот за Брегзит

Договорот за Брегзит ја зголеми вредноста на фунтата

Фараж: Новиот договор со ЕУ за Брегзит треба да биде отфрлен

Јункер со писмо го извести Туск за договорот за Брегзит

Ана Ололовска