Најавата за повлекување на Полска од Истанбулската конвенција го загрижува Советот на Европа

Од:

„Истанбулската конвенција“ е првиот наднационален правен инструмент за утврдување на законски обврзувачки стандарди за спречување на родовото насилство. Советот на Европа, во чии рамки е изработена и се спроведува оваа европска конвенција, денеска изрази загриженост по намерата на Полската националистичка конзервативна влада да се повлече Истанбулската конвенција. Ова, според генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ, би означило „значаен чекор наназад“ во заштитата на жените од родовото насилство, јави дописникот на МИА.

-Да се напушти Истанбулската конвенција би било многу жално и ќе биде голем чекор наназад во заштитата на жените од насилство во Европа, реагираше со соопштение до печатот Марија Пејчиновиќ Буриќ, генерален секретар на Советот на Европа, пан-европска организација за одбрана на човековите права и владеењето на правото со седиште во Стразбур.

Марија Пејчиновиќ Буриќ ги смета за „алармантни“ неодамнешните изјави на членовите на полската влада за намерата на Варшава да го напушти овој договор усвоен во 2011 година од Советот на Европа (кој обединува 47 држави). Овој текст, познат како „Истанбулска конвенција“, е прва наднационална алатка за поставување на законски обврзувачки стандарди за да се спречи насилството врз основа на родовите.

Кога со Полска управуваше центристичка коалиција, Варшава во 2012 година ја потпиша и ја ратификуваше оваа конвенција три години подоцна.

Сегашниот министер за правда, Збигњев Зиобро, во тоа време конвенцијата ја сметаше за „измислица, феминистичка креација која има за цел да ја оправда геј-идеологијата“. Тој во саботата изјави дека ќе претстави официјален документ во понеделник, барајќи од Министерството за семејство да подготви откажување на договорот.

-Ако има заблуди или недоразбирања во врска со конвенцијата, ние сме подготвени да ги разјасниме во конструктивен дијалог, предложи генералниот секретар на Советот на Европа. Во петокот околу две илјади луѓе демонстрираа во Варшава во знак на протест против оваа одлука на полската влада.

Би можело да ве интересира

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

(ВИДЕО) Два тона ѓубриво фрлени пред домот на рускиот амбасадор во Полска

Горан Наумовски