Награда од „Форес“ вредна 72.000 долари за секој уништен западен тенк во Украина

Од:

Руската компанија „Форес“ објави дека ќе плати 72.000 долари во готово на војниците кои први ќе ги уништат или заробат тенковите од западно производство во Украина.

За секој следен потфат e ветена сума од 7.200 долари, откако Кремљ ветил дека руските сили ќе ги уништат сите западни тенкови што ќе бидат испратени во Украина, пренесува Ројтерс.

Компанија од Урал, која работи во енергетската индустрија, исто така, најави дека ќе плати награда од 215.000 долари за уништениот борбен авион од западно производство, доколку тие некогаш бидат испорачани во Киев.

САД, Германија и неколку други европски земји се подготвуваат да испратат десетици напредни борбени тенкови во Киев во следните неколку месеци за да помогнат во зајакнувањето на воениот капацитет на Украина, а портпаролот на Кремљ ја критикуваше одлуката како опасна ескалација и рече дека тенковите „ќе изгорат “ на фронтот.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ноќ на руски терор против Украина

Жесток руски напад на неколку украински градови

ВИДЕО: Загина австралиски војник кој се бореше во Украина

Доказите сугерираат дека Путин не успеал да обезбеди билатерално партнерство без ограничувања со Кина

ВИДЕО: Украина со поморски дронови нападна руски бродови на Крим

Катерина Павлова-Николовска

Руски музичар кој го критикуваше Путин падна низ мраз на река и почина