Нафта истече во територијалните води на Кувајт

Службите за справување со хаварии на Кувајт се борат со последиците од истекувањето нафта вчера во територијалните води на емиратството покрај јужното наоѓалиште Рас ал Зур, изјави денеска портпаролот на кувајтската Национална нафтена компанија, Талал ал Халед ал Сабах.

– Екипите за брза реакција се уште се обидуваат да ја преземат контролата врз нафтената дамка покрај наоѓалиштето Рас ал Зур, изјави Ал Сабах.

Според порапаролот службите ќе почнат да го расчистуваат крајбрежјето, откако ќе утврдат дека нема нови истекувања.

Компанијата засега не ги соопштува причините за истекувањето на нафтата и размерите на несреќата, но според експерите нафтата истекла од стар нафтовод и станува збор за најмалку 35 илјади барели.

Би можело да ве интересира

Кувајтскиот емир побара подготвеност од војската поради Блискиот исток

Помпео во посета на Кувајт, Израел и Либан

Ана Ололовска

Поројни дождови предизвикаа хаос во Кувајт

Наум Локоски

Поројни дождови во Кувајт, блокирана работата на институциите

Наум Локоски

Емирот на Кувајт сака економските реформи да продолжат и покрај подобрувањето на цените на нафтата

Наум Локоски

Пожар избувна во облакодер во изградба во Кувајт

Ана Ололовска