Над половина од работниците од Западен Балкан во Германија се стручна работна сила

Од:

Повеќе од половина од луѓето од Западен Балкан кои доаѓаат во Германија да работат според посебните правила за тој регион – работат како квалификувана работна сила. Ова го покажува студијата на Институтот за истражување на пазарот на трудот (ИАБ).

dobivaj vesti na viber

Дури 54 отсто од работните односи што се склучуваат во Германија преку прописите кои важат за регионот на Западен Балкан се однесуваат на квалификувана работна сила. На следното, повисоко ниво на квалификации – „специјалистите“ и „експертите“ сочинуваат околу четири проценти, а 42 проценти се помошна работна сила, објави Дојче веле (ДВ).

Луѓето од земји кои не се членки на Европската унија – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово – можат да бидат вработени во Германија во рамки на утврдените правила за регионот од 2016 година. Услов е тие да имаат обврзувачка изјава од работодавец дека сака да ги вработи. Доказ за квалификации не е потребен.

Студијата се фокусирала на 2016 и 2017 година, во кои просечната старост на имигрантите во 73 проценти од случаите била помала од 40. Од тоа, дури 86 проценти биле мажи. Причината, според ДВ, е големата побарувачка во градежништвото, која е една од традиционалните струки за мажи.

Во таа стопанска гранка, како што наведе Институтот, 44 отсто од вработените кои дошле во Германија според прописите за земјите од Западен Балкан, нашле работа.

Во услужните дејности, како што се хотелиерство и гастрономијата, работат 13 проценти од луѓето во регионот, 11 проценти се во здравствената и социјалната бранша, а во другите услужни дејности, кои вклучуваат, на пример, чистење и перење работат 10 проценти.

Би можело да ве интересира

Анкета: Повеќето Германци не ја сакаат повторно Ангела Меркел

Ана Ололовска

Берлин го менува законодавството заради полесно добивање германско државјанство

Речиси две третини од Германците трошат помалку поради рекордната инфлација

А1он

Бундесбанк: Германското стопанство зимава ќе влезе во рецесија

А1он

Шолц: За оваа зима, енергетската безбедност на Германија е загарантирана

А1он

Џонсон ја критикуваше Германија за војната: Се надеваа на брз пораз на Украина

А1он