Над четири милиони жители на Франција веќе се заразени со Ковид-19, тврди здравствена организација

Од:

Речиси седум отсто од населението на Франција веќе е заразено со Ковид-19, односно 4.368.000 лица, проценува јавната здравствена агенција „Санте публик Франс“ (СПФ) која алармира за зголемување на ширењето на вирусот.

Минатата недела, имало раст од 14% во бројот на новозаразени лица, а бројот на ефективната репродукција на вирусот бил над 1, што во споредба со претходните недели и месеци, ја носи организацијата до заклучокот за вкупниот број на заразени во земјата, велат од СПФ.

Во Франција, со исклучок на Мајен каде се појавија неколку кластери, Гвајана и Мајот, два прекуморски департмани кои во моментот се многу погодени од епидемијата, постои „нов тренд на зголемување на ширењето на коронавирусот, иако тоа е на ниско ниво“. Минатата недела, стапката на нови случаи и бројот на лекарски интервенции на брза помош за сомнителни случаи со Ковид-19 беше зголемен во однос на претходната недела.

Покрај тоа, „имаме зголемен тренд во бројот на нови потврдени случаи, но број кој останува умерен. Не зборуваме за експлозија на случаи, но има движење што повикува на претпазливост“, објаснува Вокс.

Здравствените власти предупредуваат на опасноста од враќање на пандемијата, особено затоа што превенцијата се намалува кај населението поради летните одмори што ги охрабрат ризичните семејни и пријателски дружења. На повеќе места во Франција се спроведуваат операции на масовно тестирање на населението.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии