Над 90 загинати при обид за кражба на бензин од опожарен танкер во Нигерија

Од:

Најмалку 95 лица загинаа денеска додека се обидувале да соберат бензин што истекувал од еден танкер кој се превртел и запалил во Делтата на реката Нигер во јужниот дел на Нигерија.

„Танкерот полн со бензин се преврти во местото Окогбе по што околу него се насобраа луѓе кои го собираа горивото што истекуваше. Но, во меѓу време изби пожар, кој предизвика голем број жртви“, изјави портпаролот на полицијата на нигериската сојузна држава Риверс, Бен Угвуегбулам.

Според него, конечниот биланс на жртвите се уште не е познат, но досега се пронејдени телата на 92 загинати лица, меѓу кои има и жени и деца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Несреќа во Турција: Туристи паднаа од кабина на жичарница, има и мртви

А1он

Загина чешки турист додека фотографирал огромни бранови на Канарските острови

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Во САД: Камион на FedEx се преврте преку мост, петмина се повредени

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца