Над 90 отсто од ветените меѓународни донации за Сирија се реализирани

Од:

Европската Унија го објави финансискиот извештај од донаторска конференција за сирискиот конфликт, која се одржа во март оваа година, и констатира дека се исполнети 92 отсто од финансиските заложби на донаторите.

На третата конференција организирана од страна на ЕУ за поддршка на иднината на Сирија и на регионот во март 2019, меѓународната заедница се заложи дека ќе донира 6,2 милијарди евра за поддршка на хуманитарната помош и развојот на Сирија и на соседните држави оваа година, а над две милијарди за 2020-та година.

Банките и другите финансиски институции најавија 18,5 милијарди евра во заеми за 2019-та и следните години.

Финансискиот извештај објавен денеска открива дека донаторите веќе реализирале 92 отсто од овие ветувања за Египет, Јордан, Ирак, Либан и Сирија. За 2020-та, стапката на исполнување на заложбите изнесува 32 отсто.

Од 41 донатори, 14 донирале повеќе отколку што ветиле, додека некои од донаторите сѐ уште не ги исполните ветувањата.

Претседавачите на конференцијата ги повикуваат сите донатори да ги удвојат напорите затоа што хуманитарните потреби во Сирија и во регионот се сѐ уште недоволно покриени.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

Орце Костов

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск