Над 600 луѓе убиени во масакр во Етиопија, тврди организација за човекови права

Од:

Членови на подмладокот на воените сили на Тиграјците во Етиопија, во невиден масакр во градот Маи Кадра убиле најмалку 600 цивили за време на судирите со локалните безбедносни сили, соопшти денеска Етиопската организација за човекови права, но за веста немаше потврда од независен извор.

Нападот, кој според организацијата се случил на 9 ноември, бил насочен кон луѓе кои не се од тиграјско потекло, изјави владин претставник.

Сепак, светските агенции не можат да го потврдат бројот на убиени затоа што се прекинати интернет и телефонските кабли во тој регион и многу е тешко да се дојде до информации.

Водачите на тиграјските сили не биле достапни за коментар, но тие и претходно негираа каква било вмешаност во масакрот. Нападот бил насочен против етничките групи Амхара и Волкаит, кои живеат во Маи Кадри.

Градот во северниот дел на Етиопија е под опсада поради борбата меѓу владините сили и силите на Тиграј, во конфликт кој трае три недели во кој се убиени стотици луѓе.

Во извештајот за денот на нападот, локалната полиција ги проверила личните карти на граѓаните за да разликува луѓе кои немаат тиграјско потекло од други.

До попладневните часови, припадниците на подмладокот на тиграјската група „Самри“ со полицијата отишле во делот од градот каде живеат луѓе со друго етничко потекло, а масакрот почнал со убиството на земјоделец по име Амхар, кој бил ликвидиран пред неговото семејство, додека неговата куќа била изгорена до темел.

Би можело да ве интересира

Обраќање на Путин: Ќе плати оној кој застана зад терористите

А1он

Полицијата дежура пред куќата на убиецот од Прага

Масакр во рудник во Перу

ФБИ се приклучи на потрагата по осомничениот масовен убиец во Левистон

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Страшен масакр на рели: Маскирани напаѓачи ја нападнаа трката, убија десет и ранија девет лица

Ученик од Србија призна дека сака да направи масакр во градинка

Горан Наумовски