Над 600 деца во Израел вакцинирани против Ковид-19, нема сериозни несакани дејства

Од:

Стотици деца на возраст меѓу 12 и 16 години во Израел се имунизирани со вакцина против коронавирус на Фајзер/Бионтек и не се пријавени несакани ефекти, изјави за Гардијан Боаз Лев, шеф на тимот за имунизација при израелското Министерство за здравство.

Весникот посочува дека ова е еден од првите знаци дека вакцината против коронавирус е безбедна и за децата, но претстои да бидат објавени резултатите од клиничкото испитување.

Израелското Министерство за здравство препорача вакцинирање на деца кои имаат хронични болести, поради тоа што се во зголемен ризик од Ковид-19.

– Досега имунизиравме околу 600 деца. Не се регистрирани некои поголеми несакани ефекти, а дури и малите нуспојави се доста ретки. Тоа е охрабрувачки, појасни Лев.

Фајзер спроведува студија со која се опфатени деца на возраст меѓу 12 и 15 години, а се очекува наскоро да бидат опфатени и деца на возраст од 5 до 11 години. Универзитетот Оксфорд објави дека започнува студии за тестирање на вакцината АстраЗенека на деца над 6 години. Резултатите од тоа истражување се очекуваат за неколку месеци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел