Над 50 жртви во сириски воздушни напади врз позиции на ИД

Од:

Во воздушни напади на сириската армија врз позиции на џихадисти во градот Рака во северниот дел на земјата вчера се убиени над 53 лица, соопшти невладината организација Сириски центар за миниторинг на човековите права, со седиште во Лондон.

Според групата меѓу жртвите има најмалку 30 цивили.

– Регистрирана е смртта на 31 цивил, меѓу кои пет жени и три деца, во градот Рака и околината, соопшти директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.

Во нападите се убиени и 15 припадници на екстремистичката група Исламска држава.

Според Рахман, воени авиони на сирискиот режим извршиле осум напади во близина на градот Рака.

Воздушните напади се дел од кампањата на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад против припадниците на групата Исламска држава во северниот и источниот дел на Сирија.

Борбите во Сирија почнаа во март 2011 година како мирен протест против режимот на Асад, но со тек на време прераснаа во крвава граѓанска војна. Според податоците на ОН најмалку 190.000 лица се убиени за време на тригодишните судири во Сирија.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад