Над 50 борци на ИД загинале при воздушни напади во Ирак

Од:

Повеќе од 50 борци на џихадистичката група Исламска држава се убиени денеска при два воздушни напада северно од Багдад.

Во бомбардирањето, извршено од ирачки воени авиони во градот Ад Дулуја, на 80 километри северно од Багдад, загинале 26 членови на екстремистичката организација, а биле уништени и шест возила.

Меѓу убиените е и еден командант, кој е вмешан во убиството на стотици ирачки војници, киднапирани во јуни во близина на Тикрит, неколку дена по почетокот на офанзивата на Исламска држава во северниот дел на Ирак.

Други 28 џихадисти загинале при воздушен напад врз еден камп, користен од ИД.

Претседателот на ирачкиот Парламент, Салим ал Џабури изјави дека законодавниот дом ги поддржува воздушните напади извршени од странски сили во антиџихадистичката коалиција, која е формирана од САД.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад