Над 5.000 луѓе протестираа синоќа во перуанскиот главен град Лима и покрај божикните празници, против помилувањето на поранешниот претседател Алберто Фуџимори. Тој беше помилуван во неделата од претседателот Кучински, поради хуманитарни причини.
Демонстрантите бараа оставка од претседателот на државата, кого го обвинуваат за политички договор по кој ја донел мерката.