Над 400 реони во Велика Британија се уште загрозени од поплавите

Од:

Во 408 реони на Велика Британија продолжува да е во сила тревогата за поплави поради поројните дождови.

Најголема е опасноста во југоисточниот, југозападниот и централниот дел на Велика Британија. Нивото на реките таму останува високо и ако поројните дождови продолжат, тие можат да се излеат.

Во изминатите денови најмногу настрада југозападна Англија.

Во земјата во целост беа евакуирани десетици лица, а 470 куќи беа поплавени во последните пет дена.

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија