Над 40 повредени полицајци во судири со приврзаници на крајната десница во Келн

Од:

Околу 44 германски полицајци се повредени во судири со хулигани вчера за време на протести организирани од крајната десница во Келн.

Приведени се дваесетина демонстранти, што употребиле насилство, соопшти портпарол на полицијата во западниот германски град. Неколку часа по митингот хулиганите продолжиле со нарушување на редот во центарот на градот.

Протестите се организирани од крајнодесничарската исламофобска партија „Народно движење за Северна Рајн-Вестфалија“, од името на групата, наречена „хулигани против салафити“. Најмалку 4 илјади хулигани и крајнодесничари одговорија на повикот.

Полицијата морала да употреби солзавец, водени топови и палки за смирување на ситуацијата и избегнување судир со 500-те контрадемонстранти. Полицајците биле нападнати со шишиња, камења и мини-бомби.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани