Над 40 отсто од територијата на Украина е минирана

Од:

Над 40 отсто од територијата на Украина е минирана како резултат на воените дејствија, објави денеска британската телевизија „Скај њуз“, повикувајќи се на невладината Советодавна група за рудници (Mines Advisory Group).

Според невладината организација, Украина е земја со најмногу мини во светот.

„Зафатеноста (со мини) е огромна. Не може да се спореди со Сирија или Авганистан“, рече Катерина Темплтон, претставник на организацијата.

Како што е наведено, во периодот од 24 февруари минатата година до 10 јануари годинава од во Украина од мини настрадале најмалку 611 лица.

За деминирање на украинските територии се проценува дека ќе бидат потребни повеќе години.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Русија се урна украински дрон, три лица се тешко повредени

Горан Наумовски

Русите се вооружија: Со беспилотни летала-камикази ја уништуваат Украина

(ВИДЕО) Дрон падна на 150 километри од центарот на Москва

Горан Наумовски

АП: Нова кампања за регрутирање во Русија

Горан Наумовски

Околу 70 украински војници се предале на ДНР во последните две недели

Русите тврдат дека зазеле голема фабрика во Бахмут