Над 30 загинати во борби меѓу сириските сили и ИД во Дејл ал Зур

Од:

Најмалку 32 лица загинаа денеска во жестоки борби меѓу припадници на Вооружените сили на Сирија и борци на џихадистичката група Исламска држава во градот Дејр ал Зур, соопшти Сирискиот центар за мониторнинг на човековите права.

Според податоците на Центарот, во борбите, кои продолжиле и во попладневните часови, досега загинале најмалку 20 џихадисти и 12 сириски војници.

Борбите избиле кога борците на ИД, која го контролира поголемиот дел од овој сириски град, претпладнево започнале офанзива за освојување на деловите на Дејр ал Зур што се под контрола на владините сили.

Сириската државна телевизија јави дека при артилериски напади на џихадистите врз деловите на градот под контрола на сириската армија загинале тројца цивили, а деветмина други биле ранети.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска