ВИДЕО: Над 250 загинати во земјотресот, почувствуван во радиус од 500 километри

Од:

Најмалку 255 лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала што ја погоди провинцијата Пактика во источен Авганистан.

Најголем дел од жртвите се регистрирани во Пактика, каде што загинаа 100 лица, а 250 се повредени, изјави Мухамед Насим Хакани, шеф на талибанската служба за итни случаи.

Тој рече дека има жртви во источните провинции Нангархар и Кост.

Земјотресот ја погоди густо населената област на границата меѓу Авганистан и Пакистан, а беше почувствуван во опсег од 500 километри.

Земјотресот го погоди источен Авганистан на длабочина од 10 километри недалеку од границата со Пакистан, соопшти германскиот центар за геолошки истражувања.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил почувствуван во Авганистан, Пакистан и Индија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Талибанците го прогласија за национален празник денот кога замина последниот американски војник