Над 25 проценти од Германците имаат мигрантско потекло

Од:

Една четвртина од населението во Германија има мигрантско потекло, што е најголема бројка забележана во земјата каде живеат 83 милиони луѓе.

Германскиот Завод за статистика соопшти дека 25,5 отсто од граѓаните или околу 20,8 луѓе имаат мигрантски корени според последните податоци од 2018 година.

Тоа е зголемување за 2,5 проценти во споредба со 2017 година. Според Заводот, едно лице има „мигрантско потекло“ ако барем едниот родител имал пасош во времето на неговото раѓање.

Имиграцијата во Германија и понатаму е актуелна тема и покрај тоа што брановите мигранти не се ништо ново за земјата. По Втората светска војна милиони работници од Турција помагаа во изградбата на државата. Во денешно време еден милион мигранти од Сирија, Ирак и Авганистан побегнаа во Германија.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени