Над 230 пациенти починале во болниците во Венецуела поради прекини во електроснабдувањето

Од:

Најмалку 233 лица починале во болниците во Ве нецуела поради прекини на електроснабдувањето, соопштија денеска тамошните здравствени власти.

– Поради проблеми и прекини со електроснабдувањето во текот на 2019 година починале 17 луѓе, во 2020 година 75, а во 2021 година 141, што е вклупно 233, покажува студија на Националната академија за медицина.

Истражувањето било покренато во 2014 година, поради различни проблеми во здравството како недостиг на лекови, прекини на снабдување со вода и со електрична енергија.

– Некои пациенти починаа во 2019 и 2020 година поради прекини во електроснабдувањето затоа што им требаше респиратор или мораа да имаат итна операција, но лифтовите не работеа, се наведува во документот.

Според студијата, зголемувањето на бројот на смртни случаи во 2021 година е поврзано со пандемијата на Ковид-19.

– Бидејќи се работи за болест со респираторни проблеми, на најтешките пациенти им била потребна постојана повеќедневна кислородна поддршка преку респиратори, се додава во студијата.

Венецуела се соочува со редовни прекини во елекстроснабдувањето последните десет години.

Претседателот Николас Мадуро обично тие прекини ги препишува на саботерски активности, како и на меѓународните санкции. Експертите сметаат дека енергетската криза во болниците е последица на долгогодишно лошо менаџирање и недостаток на инвестиции.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски