Над 15.000 новозаразени лица со Ковид-19 за едно деноноќие во Флорида

Од:

Американската сојузна држава Флорида претходните неколку денови регистрираше повеќе од 15.300 новозаразени лица со што стана најзагрозено жариште на пандемијата во САД. Тоа е најголем број на случаи забалежани во која било држава за едно деноноќие. Претходниот рекорд беше регистриран во април каде бројката изнесуваше околу 12.247 новислучаи само во Њујорк.

Покрај силниот удар на пандемијата со коронавирус, викендов во Орландо се отвори забавниот парк „Дизниленд“. Посетеноста засега е 20 проценти од дозволените капацитети, но набљудувачите се прашуваат дали е најдоброто време за повторно отварање на еден од најпопуларните и најзабавните паркови во САД.

Во изминатото деноноќие во Флорида од вирусот починаа 42 лица, додека од почетокот на пандемијата починале вкупно 4.242 лица. Во меѓувреме, додека короновирусот се прошири многу рапидно во јужните и западните делови на САД, Американците се уште калкулираат дали треба да биде задолжително носењето маски.

Би можело да ве интересира

Шест држави досега се пријавија да ја преземат новата руска вакцина против Ковид-19, меѓу нив и Србија

Познатиот режисер Мајкл Мур ја промовира Македонија како туристичка дестинација, во отсуство на други места за патување на Американците

А1он

СЗО: На американскиот континент секојдневно по 100 илјади случаи на коронавирус

А1он

УЕФА откажа натпревар од Лигата на шампионите поради KОВИД-19

А1он

Азар за руската вакцина против Ковид-19: Важна е ефективноста а не да се биде прв

А1он

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

А1он