Над 1,1 милиони жители на Крим се уште немаат струја

Од:

Над 1,1 милиони жители на Крим се уште немаат струја, јави ТАСС, повикувајќи се на извор од „оперативните служби“.

– Според најновите податоци, до утрово во Крим без струја остануваат 900.000 лица и во Севастопољ – речиси 260.000, наведува изворот за двата нови региони на Русија, формирани во 2014, кога федерацијата го анексира украинскиот полуостров.

Во Крим недостиг на струја има од 22 ноември, кога беа кренати во воздух далноводи во Украина, кои испорачуваат електрична енергија на полуостровот.

Руското Министерство за вонредни состојби подготвило за испраќање во Рим 300 генератори за струја.

Генераторите веќе се товарат на авион, што во најскоро време ќе полета за Симферопол во Крим, наведе портпарол на руското Министерство.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Кремљ тврди: Соборени 38 беспилотни летала над Крим

А1он

Симонјан: Германците размислувале да го бомбардираат мостот на Крим

Горан Наумовски

Русите собориле четири украински ракети насочени кон Крим

Москва: Спречени се украински напади на Крим

Горан Наумовски

ВИДЕО: Украина оштети руски воен брод по нападот врз пристаниште на Крим

Орце Костов