Над 10 милиони луѓе се тестираат за коронавирус во Вухан по појавата на нови случаи

Од:

Почна тестирањето на над 10 милиони луѓе кои треба да се тестираат во Вухан за коронавирусот. Тестирањето се очекува да трае десетина дена. На ваков потег се одлучија здравствените власти откако минатиот викенд се појави првиот кластер на новозаразени во централниот дел од Вухан, откако на 8 април беше укинат карантинот.

Странските медиуми пренесуваат дека со оглед на тоа што се чекаат долги редици, иако се на отворен простор, дел од луѓето стравуваат да не бидат заразени поради контактот со останатите.

Појавата на нови случаи во Вухан, оние кои претходно немале симптоми на оваа болест, ги поттикнале властите во Вухан да почнат низ целата земја потрага по асимптоматски носители на вирусот, со цел да го измерат нивото на ризик од Ковид-19.

Иако кината и банкет-салите на Вухан остануваат затворени за да се спречат големи собири, сепак со овие тестирања луѓето чекаат на долги, понекогаш неуредни редици.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија почнува со третата фаза на испитување на кинеската вакцина против Ковид-19

А1он

Во Албанија голем број новозаразени од Ковид-19, опозицијата обвинува за епидемилошка катастрофа

А1он

Грција: Петти ден по ред повеќе од 150 новозаразени

А1он

195 нови случаи на Ковид-19 во Бугарија во изминатото деноноќие

А1он

Во Албанија 124 новозаразени, четворица починати од Ковид-19 во изминатиот ден

А1он

Карантинот предизвикал смрт на илјадници луѓе во Британија, според владин документ

А1он