Нацистите биле лоши американски шпиони

Од:

Одамна е познато дека некои поранешни нацисти, по Втората светска војна, работеле за американските тајни служби. Сега американските историчари истражиле колку имало такви агенти и какви им се заслугите.

Клаус Барбие бил озлогласен нацист. Тој гестаповец влегол во историјата како кољач од Лион. Меѓутоа, поминале неколку децении пред да биде изведен пред суд да одговара за злосторствата кои ги направил. Барбие бил воен злосторник, но по Втората светска војна останал неоткриен. Имал моќен сојузник, Американската контраразузнувачка служба. Дури кога во Боливија го откриле неговиот идентитет и потоа во 80-тите години го предале на Франција, на светло на денот излегол фактот дека Барбие, како и некои други високо позиционирани нацисти, по Втората светска војна работеле за американските разузнувачки служби.

Непознат точниот број на агентите

Сега американските историчари сеопфатно го анализирале ова поглавје од историјата како и квалитетот на информациите, кои ги давале т.н. наци-шпиони. По увидот во актите, кои ги отвориле американските тајни служби, експертите откриле дека за Американците работеле околу 1.000 нацисти. Оваа проценка се темели на долгогодишната анализа на документите, изјави историчарот Норман Џ. В. Гуд, инаку професор за студии за холкаустот на Универзитетот во Флорида. Меѓутоа сите документи не се дадени на увид на историчарите, некои веројатно се изгубени.

Покрај тоа, бројката од 1.000 нацисти се однесува на тие кои имале директен контакт со американските тајни служби. Меѓутоа, што е со тие кои со Американците имале индиректни врски?

Во која мера нацистите, кои ЦИА и ФБИ ги ангажирале како свои агенти, самите ги врбувале поранешните помагачи на Хитлер како шпиони, не е познато. Американските историчари во својата студија со тоа не се бавеле. Студијата не опфатила ни голем број на нацисти од Унгарија, Романија или Украина, кои не биле со германско потекло. И додека точниот број на нацисти кои се претворени во шпиони сепак не се знае, нема сомневање дека содржината и обемот на информациите кои тие ги давале на своите нови работодавци била незначителна.

Никакви пресудни информации

– Ниту еден од тие агенти, колку што ни е познато, не дал некоја пресудна информација, кога на пример, се работело за состојба пред блокадата на Берлин или некој друг важен настан – изјави Года за Дојче веле. – Тоа едноставно не се случило.

Тој така го наведе Вилхелм Хотл, кој бил соработник на Австриската служба за безбедност СД и кој го врбувале американските тајни служби. Во еден момент ЦИА открила дека тајните извештаи кои ги испратил биле темелени на натписи во весниците кои тој ги читал.

Германците, кои ги регрутирале Американците, не биле добри агенти, наведе Года. Тоа довело до тоа многумина да бидат прислушкувани од советите, претворувајќи ги потоа во свои агенти. Но, она што историчарите многу ги изненадило, било недостигот на информации на американските тајни служби за минатото на нивните агенти. Притоа, актите за нив често биле достапни, посебно во американската зона на влијание. – Со други зборови, било многу лесно да се дојде до информации за тие луѓе – заклучува Года.

Неверојатни случаи

Поради недоволното истражување на минатото на агентите, врбувани биле луѓе кои лично биле вклучени во тешки нацистички злосторства. – Постоел случај на раните 50-ти години, кога американската Служба за одбрана од шпионажа ангажирала човек по име Херман Хофл. Тој порано бил прв соработник на Одило Глобоцник, австриски нацист и лидер на СС, кој во контекст на Акцијата Реинхард, бил одговорен за убиство на над милион Евреи во Полска. – Тој не бил непознат соработник на Гестапо – вели историчарот Норман Џ. В. Года и додава: – Хофл бил водечки соработник во кампањата за истребување на Евреите во Полска.

– Американските тајни служби го врбувале Хофл за да ја следат работата на десничарските групи на поширокиот регион на Минхен и околината, не знаејќи всушност со кого си имаат раббота – потенцира Года. – Фактот дека воопшто воспоставиле врска со тој нацист, кој подоцна го уапсиле соработници на безбедносните служби од Западна Германија, е неверојатен.

Па сепак, со сето она што денес се знае, тешко е паушално да се критикуваат американските разузнувачки служби кои како агенти врбувале луѓе со тешко нацистичко минато. – Во САД владеело расположение на вистинска загрозеност – вели Мика Брумлик, поранешен директор на франкфуртскиот Институт Фриц Бауер за истражување на злосторствата на холокаустот. – Моралните прашања, кога се работело за намалување на опасноста од Советскиот Сојуз, биле од второстепено значење.

– Не смее да се заборави ни дека во 50-тите години во САД владеел паничен страв од комунистите, познат под поимот МкКартисмус. Под тие околности Американците не се двоумеле во своите служби да врбуваат и злосторници, за да го спречат новиот и како што се сметало тогаш, неверојатно опасен противник – рече Брумлик.

На прашањето, дали од тоа нешто се научило за иднината, одговараат скептично: – Во природата на тајните служби е да соработуваат со луѓе со проблематичен карактер. – Ако воопшто постои некоја поука, тогаш таа мора да гласи дека секоја тајна служба мора добро да ги познава луѓето, кои им доставуваат информации – заклучи американскиот историчар Гота.

 

Дојче веле – Бон

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски