Началникот на полицијата на Капитол Хил си поднесе оставка

Од:

Шефот на полицијата на Капитолот, Стивен Санд, заминува од фунцијата на 16 јануари откако службата беше остро критикувана за пропустите во обезбедувањето на Капитол по насилниот упад во Конгресот на екстремисти лојални на претседателот Доналд Трамп.

Санд ја донел одлуката кратко време откако претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, го повика да си поднесе оставка.

Според Њујорк тајмс и Синдикатот на полицијата на Капитол побарал оставка на раководството. Полицијата брои 2.300 службеници во униформа и цивили задолжени за безбедноста на Конгресот.

Во средата, толпа од стотина демонстранти, привразници на Трамп, упадна во Капитолот и направи голема материјална штета, едно лице беше убиено. Тоа предизвика гнев меѓу членовите на Конгресот, кои бараат одговори зошто полицијата не била подготвена, додека на голем дел од оние кои упаднаа во собранието на САД, им беше дозволено непречено да заминат без да бидат уапсени.

Синоќа беа поднесени и првите кривични пријави по немилите случувања во средата. Сојузни обвинители поднеле тужба против едно лице кое нападнало полицаец и против друго кое нелегално поседувало пиштол.

На протестите учествуваа разни радикално-десничарски групи како „Горди момчиња“, “Три процентните“ или „Заштитници на заклетвата“, тие најчесто беа облечени во маскирна облека и.носеа боева опрема кака панцирни елеци, муниција и автоматски пушки.

Би можело да ве интересира

САД: Вакцинирани сите конгресмени-демократи

Жарко Настоски

Најавени над 100 нови обвиненија за нападот на Капитол

Жарко Настоски

Над 300 луѓе обвинети за упадот во американскиот Конгрес

Жарко Настоски

Конгресмен ги тужи Трамп и Џулијани за нередите во Капитол

Жарко Настоски

САД: 5.000 долари казна за конгресмените кои го избегнуваат детекторот за метал

Жарко Настоски

Марџори Тејлор Грин нема да биде казнета