Началникот на ГШ на шпанската војска поднесе оставка, обвинет дека се вакцинирал преку ред

Од:

Началникот на Генералштабот на шпанската армија, генерал Мигел Анхел Вилароја денеска поднесе оставка по обвинувањата дека примил вакцина против Ковид-19 преку ред, односно пред приоритетните групи.

Шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес побара објаснување од генералот Мигел Анхел Вилароја, а Министерството подоцна во образложението за оставката соопшти дека генералот „никогаш немал намера да искористи привилегии што ќе го нарушат угледот на вооружените сили и ќе ја доведат во прашање неговата чест“.

Се наведува дека Вилароја „носел одлуки за кои сметал дека се правилни“, но кои „го нарушиле угледот на вооружените сили“.

Од крајот на минатиот месец е забележано зголемување на бројот на новозаразени случаи во Шпанија. Вчера се евидентирани 42.885 нови случаи, а починале уште 400 граѓани. Досега, вкупно 55.441 лице починале од Ковид-19 во таа земја.

Би можело да ве интересира

Ѓукановиќ: Црна Гора да ги затвори границите и да ја забрза имунизацијата

Ана Ололовска

На интензивна нега во болниците во Париз се примаат се помлади лица со Ковид-19

Ана Ололовска

Белгија ќе ја одобри вакцината на „АстраЗенека“ за лица над 55-годишна возраст

Ана Ололовска

Со бразилската мутација може повторно да се заразат до 60 проценти од поранешните пациенти

Ана Ололовска

Состојбата со Ковид-19 во Белгија е кревка, не се исклучува ризикот од трет бран

Ана Ололовска

Саудиска Арабија: За аџилак потребен е доказ за вакцинација

Ана Ололовска