Началникот на Федералните затвори во САД отстранет од функција по самоубиството на Епстајн

Од:

Вршителот на должноста директор на Федералното биро за затвори Хју Хурвиц е суспендиран од функцијата и преместен на друга должност. Тоа го објави денеска министерот за правда Вилијам Бар.

Претходно Бар изрази загриженост заради „сериозни неправилности“ во њујоршкиот федерален затвор каде финансиерот Џефри Епстајн обвинет за сексуално злоставување десетици малолетни девојки во Њујорк и на Флорида беше пронајден мртов на 10 август. Според медицински и полициски наоди, Епстајн извршил самоубиство во затворот.

Бар наведе дека ќе ја назначи Катлин Хоук Соер на местото на Хурвиц. За тоа назначување не е потребна согласност од Сенатот.

Епстајн беше во федерален затвор во Менхетен.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност