На заробениците од Азовстал ќе им се суди на територија на проруските сепаратисти

Од:

Руската агенција Интерфакс објави дека лидерот на проруските сепаратисти во украинскиот регион Донецк објавил кој ќе им суди на воените заробеници од челичарницата во Мариупол Азовстал.

„Затворениците од Азовстал се на територијата на Народна Република Донецк. Планот е да се организира меѓународен суд на територијата на републиката“, изјави Денис Пушилин.

Народна Република Донецк е самопрогласенарепублика под контрола на проруските сепаратисти. Непосредно пред војната, Русија ја призна независноста на самопрогласената република, а потоа рускиот претседател Владимир Путин нареди „специјална воена операција“ во Украина за „денацификација“ и „демилитаризација“ на Украина, обвинувајќи ја за геноцид врз руси во исток.

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“